„Управување со ризици од земјотрес и заштита на човечкиот фактор и културното наследство“ е насловот на форумот кој ќе се одржи денеска во 11 часот во Музејот на град Скопје.
Експерти ќе им пренесат теоретски и практични знаења на музејските работници како да реагираат во случај на земјотрес, кои се правилата на самозаштита и заштита, како да го заштитат културното наследство. Форумот го организира Националиот комитет на „Син штит“ во соработка со Министерството за култура, Сеизмолошката лабораторија од Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст на Град Скопје.





