Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економијата

„Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“ е насловен тематскиот форум кој денеска во 10 часот ќе се одржи во хотелот „Панорамика“ во Скопје. Целта на форумот е да биде иницијална точка на соработка помеѓу претставници на релевантните институции, академската и граѓанската заедница за доследна примена на Болоњскиот процес, особено за неговата темелна вредност – мобилност преку измени во Законот за високо образование.

Присутните ќе ги поздрави Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а воведни согледувања ќе дадат Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики, Александар Богојевски од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и Кирил Барбареев од Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип. Модератори се Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички и Гордан Георгиев.

Настанот го организираат Форум за разумни политики, во соработка со партнерските организации Институтот за општествени и хуманистички науки и Балканскиот институт за регионална соработка,

Сподели