Филмот „Сестри“ од вечерва во кино „Милениум“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума, од вечерва во 20 часот ќе се прикажува на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје од 19 и од 21 часот. Од утревечер, филмот ќе биде на репертоар и во Центарот за култура во Битола.

Во првиот долгометражен филм на Дума главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

„Сестри“ имаше светска премиера во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, најголемиот фестивал во Чешка. Таму ја освои наградата за најдобар филм во натпреварувачката програма „Источно од Западот“, каде влегуваат први или втори долгометражни филмови на авторите и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот исток и Северна Африка.

Македонската премиера на филмот беше на 16 септември и го отвори Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. „Сестри“ е филм кој отворено зборува за тоа колку еден клик на социјалните мрежи може да има последици, особено за младите луѓе.

„Сестри“ е македонски претставник за наградите „Оскар“ за 2022 година.

Сподели