„Анора“ на Шон Бејкер освои „Златна палма“, хрватскиот „Човекот што не можеше да молчи“ е најдобар краток филм

Филмот „Анора“ на режисерот Шон Бејкер ја освои врвната награда „Златна палма“ на 77. Кански филмски фестивал синоќа. Филмот е комична, но и запрепастувачка одисеја за сексуална работничка што се мажи за син на богат руски олигарх. Најдобар режисер е прогласен Мигел Гомес за филмот Grand Tour. Најдобар актер е Џеси Племонс за улогата во „Видови љубезност“ на Јоргос Лантимос, а за најдобри актерки се наградени Адријана Паз, Зое Салдана, Карла Софија Гаскон и Селена Гомез за „Емилија Перез“ во режија на Жак Одиар.

Прв пат во историјата на фестивалот, хрватски филм доби награда и тоа „Златна палма“ за најдобар краток филм за „Човекот што не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ. Филмот на Слијепчевиќ се темели на вистинско случување од војната во 1993 година, при т.н масакр во Штрпци, кога српска паравоена сила од источна Босна застанува воз на пругата Белград-Бар и од возот ги извадила сите патници со муслимански имиња и презимиња. Единствен патник што се побунил – официрот на ЈНА, Хрватот од Каштел Томо Бузов. И тој е убиен. Филмот ја раскажува оваа случка преку перспективата на патникот кој за разлика од Бузов, си ја гледал својата работа и останал жив. Него го толкува Горан Богдан.

Небојша Слијепчевиќ

Американскиот режисер Шон Бејкер ја прими наградата со актерот што игра во неговиот филм, Мајки Медисон. Бејкер е режисер на „Флорида проектот“. Ова петта Златна палма за дистрибутерот на инди-филмови Neon, по успехот на „Паразит“, „Титан“, „Триаголникот на тагата“ и ланскиот победник „Анатомија на падот“.

– Ова буквално ми беше единствената цела како режисер во изминатите 30 години, па не сум многу сигурен што ќе правам до крајот на мојот живот, рече Бејкер смеејќи се.

Бејкер е првиот американски режисер што освоил Палма по Теренс Малик во 2012 година со „Дрво на животот“, брзо одговори дека неговата амбиција ќе остане „да се бори за да се одржува филмот жив“. 53-годишниот режисер рече дека на светот му треба потсетување дека „гледајќи филм дома додека скроламе низ телефонот, одговараме мејлови или едвај обрнуваме внимание, едноставно не е начинот, иако некои технолошки компании би сакале ние така да мислиме. Иднината на филмот е таму каде што започна – во киносалите“ – рече Бејкер.

 

Мохамед Разулоф

Додека „Анора“ беше еден од најзборуваните филмови на фестивалот, самата победа беше мало изненадување. Многумина очекуваа дека ќе победи нежната индиска драма „Се што замислуваме како светлина“ (“All We Imagine As Light”) или иранскиот „Семето на светата смоква“ (“The Seed of the Sacred Fig”) to win. И двата филма беа наградени исто така. Индискиот филм за сестринството во модено Мумбаи ја освои Гран при, што е втора највисока награда. Во 30 години на фестибвалот, филмот на Пајал Кападија беше втор индиски филм што влезе во главна конкуренција. Жирито додели специјална награда за „Семето на светата смоква“ за Мохамед Разулоф, за драмата снимена тајно во Иран. Неговиот филм што опфаќа вистинско снимање од демонстрациите во 2022-2023 година во Иран, посочува за иранска опресија во семејна драма. Разулоф се соочува со казна затвор од осум години. Публиката во Кан го награди со стоечки овации емотивниот Разулоф.

Наградата „Извесен поглед“ ја доби филмот „Црно куче“ во режија на Гуан Ху.

Уште едно изненадување следуваше. Пред Џорџ Лукас да ја добие почесната „Златна палма“, неговиот стар пријател и соработник Френсис Форд Копола се појави да ја презентира наградата, обединувајќи две од најважните фигури во последниот половина век на создавање филмови во Америка.

Хорор филмот „Супстанца“ на Корали Фаржо со Деми Мур во главната улога ја освои наградата за најдобро сценарио.

Насловна фотографија: Јутјуб/Брут

Сподели