Eдуино-вебинар за надополнување на наставните програми по природни науки

Александра Блажевска, професорка по хемија и наставник-ментор во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје е предавач на едуино-вебинарот што ќе се одржи онлајн вечерва во 18 часот. Овој 13. вебинар од Едуино 2Д лабораторија – ресурс за искуствено учење, а наменет е за едукатори и родители. Предавањето е бесплатно, но со задолжителна регистрација.

– Употребата на новите технологии во наставата е голем предизвик кој постојано ги менува потребите на едукаторите. Целта на лабораторијата е да овозможи надополнување на активностите во рамки на задолжителните наставни програми по хемија, физика, биологија, географија и природни науки, достапност на ресурси за изведување експерименти во домашни услови, искуствено учење во виртуелниот простор и развивање вештини и компетенции потребни во 21 век – велат организаторите.

Александра Блажевска е Scientix амбасадор, претседател на „Креативен центар“ во Карпош, Мајкрософт сертифициран едукатор за 21st Century Learning Designs, автор на трудови на теми поврзани со иновативни пристапи во наставата со примена на дигитални технологии, учесник на конгреси и конференции од областа на образованието на локално и меѓународно ниво и креатор на отворени образовни ресурси.

Повеќе за начинот на пријавување на вебинарот на линкот.

Сподели