Еднодневен Саем на креативни индустрии во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом во Битола, денеска од 11 до 18 часот, ќе се одржи еднодневен Саем на креативни индустрии. На саемот ќе се претстават 15-тина изложувачи кои се дел од креативниот сектор од Битола и пошироко. Ќе бидат промовирани многубројни производи и услуги од областа на креативните индустрии, вклучително различни модни брендови, рачно изработен накит, новчаници, свеќи, робот, ќе има лего едукација за деца, ќе се презентираат маркетинг решенија и друго.

Настанот годинава е со фокус на одржливоста. Станува збор за вториот дел од Саемот на креативни индустрии во организација на здружението Балкан синема ситис. Првиот дел  беше одржан на 28 и 29 ноември во Скопје и истиот обедини повеќе од 40 изложувачи.

Настанот е под покровителство на Министерството за култура, Општина Битола и КИЦ Битола.

Сподели