„Sверови“ – шпанско-францускиот трилер со повеќе од 50 награди вечерва во „Милениум“

Гала филмска вечер со проекција на филмот „Sверови“ во режија на Родриго Сорогојен, се организира вечерва во 20 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Вечерта ја организираат Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во земјава. Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, и Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија.

Сценариото за филмот е на Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм, како и на повеќе од 50 други меѓународни фестивалски награди. „Sверови“ е најдобриот филм во Шпанија за 2023 година и освои повеќе награди „Гоја“.

Еве и што напишаа француските медиуми за филмот:
-„Ѕверови“ е исклучително трогателен филм, којшто гледачите ги остава без здив. (20 minutes)
-Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен. (Les Echos)

-Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм… (L’OBS)

Третата гала вечер се организира со поддршка на генералниот покровител „Зегин“ и на винаријата „Тиквеш“.

Сподели