Филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска доби две номинации за престижните Critic’s Choice Awards што ги доделува Американското здружение за избор на критичари. Филмот е номиниран за најдобар документарец и за најдобра кинемататографија за Жан Дакар.
За Тамара Котевска ова нема да бидат први номинации за нејзин документарец. Со „Медена земја“, што го корежираше со Љубомир Стефанов, во 2019 година ја добија наградата за најдобар дебитантски документарец и за документарец со најфасцинанти живи ликови (Most compelling living subjects of a documentary).
„Приказната за Силјан“ е македонски кандидат за „Оскар“ за 2026 година. Тој е првиот македонски документарец што го откупи National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто. „Приказната за Силјан“ неодамна беше прикажан и на Филмскиoт фестивал во Чикаго.





