Две недели до концертот на Ник Кејв во Скопје

Уште две недели до концертот на Ник Кејв, еден од најголемите музичари на нашето време. Концертот е во рамките на „Скопје колинг 2025“, а ќе се одржи на Стадионот на АРМ на 22 август во 20 часот.

– Некогаш и најубавиот сон станува реалност, иако често и реалноста знае да биде нереална.

Веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник Ник Кејв во рамките на неговата соло турнеја ќе одржи концерт. Ќе го придружува басистот на „Рејдиохед“, Колин Гринвуд – најавуваат организаторите, „Авалон“.

Влезниците се во продажба на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.

Сподели