Две награди за „Диџеј Ахмет“ на Санденс!

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски освои две награди на Филмскиот фестивал „Санденс“ во Парк Сити, Јута. Ова е голем успех за дебитантскиот долгометражен филм на режисерот Унковски. „Диџеј Ахмет“ ги освои наградата од публика во категоријата Светска филмска драма, како и специјална награда од жирито за креативна визија.

„Диџеј Ахмет“ ја отвори главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema. На проекцијата во Парк Сити, во државата Јута, присуствуваа режисерот Унковски, кинематограферот Наум Доксевски, актерот Ариф Јакуп.

Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.

Улогите ги толкуваат: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим и Атила Клинче.

Ова е листата на сите наградени на Санденс.

Сподели