Две награди за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ во кој Македонија е копродуцент

Филмот „Чувари на формулата“ во режија на Драган Бјелогрлиќ освои две награди на Филмскиот фестивал во Локарно, Швајцарија. „Српскиот Опенхајмер“, како што го нарекуваат, ја освои наградата „Пардо верде“, за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што „на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост“.

„Чувари на формулата“ е поддржан од „Еуримаж“ и е копродукција помеѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016 година.

Филмот е за инцидент со радијација во 1950-тите во југословенскиот Нуклеарен институт Винча. Филмот ја доби и наградата Variety Piazza Grande Award која ја доделува жири составено од филмски критичари за филм кој се издвојува и по своите уметнички квалитети и по потенцијалот за прикажување во кино.

Оваа награда е наменета да помогне во меѓународната кариера на филм во селекција благодарение на конекциите на Variety со филмската индустрија и нејзиниот авторитет во овој сектор.

Сподели