По проекцијата на „Опасни господа“, следува краткиот „Северен Пол“ на Марија Апчевска, кој е дел од официјалната селекција на фестивалот.
Филмот „Пауза“ на Тонија Мишиали ќе биде прикажан денеска во 16 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје, во рамките на фестивалот „Киненова“. Филмот е од 2018 година и е ден од програмата Земја во фокус – Кипар.
Средовечна домаќинка е фатена во стапица на мизеријата на една насилна брачна заедница и наоѓа бегство во светот на фантазијата, на одмаздољубиво насилство. Но, наскоро реалноста и фантазијата почнуваат да ù се мешаат и да ја замаглуваат вистинската слика на нејзиниот живот.

Сцена од „Пауза“
Овој филм на фестивалот во Каиро освоил номинација за „Златна пирамида“, добил награда ФИПРЕСЦИ на Солун, а во Мадрид – номинација за најдобар филм.
Полскиот филм „Опасни господа“, кој е дел од програмата на фестивалот „Висла“, што носи четири филма од оваа кинематографија на македонскиот фестивал, ќе биде прикажан во 18 часот.
Тадеуш Бој-Зелењски, Виткаси, Џозеф Конрад и Бронислав Малиновски се будат по многу пијана, ноќна забава. Главите им пукаат од мамурлак, никој на ништо не се сеќава, а ситуацијата не ја подобрува ниту лешот на непознат маж пронајден на подот. Згора на тоа, државните обвинители само што чукаат на вратата од куќата, а ова е само почеток на неволјата. Започнува трка со времето во која протагонистите мора да се ослободат не само од сомнежите туку и од подеднакво опасните озборувања од средината и што е можно побрзо да ја решат мистеријата на мистериозната смрт. Наскоро, благодарение на овие духовити и господа кои знаат да превземат ризик, културно живиот Закопане ќе стане позадина на голема интрига во која ќе бидат вклучени гангстери, уметници и политичари, вклучувајќи ги Зофија Налковска и Јозеф Пилсудски. Протагонистите исто така ќе се соочат и со самиот Ленин, кој штотуку го посети Поронин…
Мачеј Кавалски e полски филмски режисер, сценарист и доктор. Доаѓа од Катовице, каде што учел во средното училиште Марија Конопничка II. Дипломирал медицина на Шлезискиот медицински универзитет во Катовице. Паралелно со неговите студии на СУМ, тој започнал студии во Филмската школа Кшиштоф Кишловски.
Тој ја започнува својата кариера како режисер во 2011 година. Неговиот прв долгометражен филм е „Опасни господа“ од 2022 година. Од средношколските денови, тој работи со кинематограферот Павел Дилус, кого го запознал за време на часовите во филмскиот клуб во Младинската палата во Катовице.

По проекцијата на овој филм, следува краткиот „Северен Пол“ на Марија Апчевска, кој е дел од официјалната селекција на фестивалот.
Во 20.45 часот ќе биде прикажан филмот „Куче“ на Јана Американу, исто така кипарски филм.
Младиот Димитрис кој со годините се приближува кон зрелоста, а сепак и премногу сеуште момче, си создава своја романтизирана идеја за неговиот татко кој е во затвор, што се граничи со митски пропорции.Кога татку му е пуштен од затвор, Димитрис едвај чека конечно да го запознае и да го надокнади изгубеното време. Но, кога неговиот татѕко ќе го открие својот вистински карактер, Димитрис се соочува со една голема дилема: дали неговата потреба да припаѓа некому, ќе превагне над неговото чувство за правда?

Сцена од „Куче“
Американу магистрира на Универзитетот во Бристол на филм и ТВ продукција и има диплома од Универзитетот во Ајова по комуникации и филмски студии во одделот за експериментален филм.Таа студиала под менторство на познатиот филмски автор на експериментални филмови Лејтон Пирс. Таа била и в.д Раководител на канцеларијата за Медиа (Креативна Европа) програмата на Кипар, повеќе од десет години, но нејзината страст кон филмското творештво и режија продонесуваат таа да донесе храбри одлуки следејќи го својто сон. Нејзиниот краток филм „Приспивна“, ја добива престижната награда Тониа Маркетаки на Меѓународниот фестивал во Драма во 2009 година, за најдобра режија и најдобар краток филм. Нејзиниот долгометражно филмско деби „Куче“ доби поддршка за развивање на сценариот и продукција од Кипарскиот филмски совет, ЕРТ, Филмскиот Центар на Грција, SEE Cinema Network, а меѓународна дистрибуција од URBAN FRANCE. Моментно работи на развивање на нејзиното второ сценарио за долгометражен игран филм Моето име е Лили и ТВ-серијата „Преработено“.
Во 19 часот ќе бидат прикажани кратки филмови.





