Дузина млади поети на возраст од 16 до 30 години ќе читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на 6. „Скопски поетски фестивал“. Тоа се: Марија Алексовска, Вероника Димоска, Христијан Илиевски, Мартин Миљев, Васја Мицковски, Милена Неделковска, Деспина Сиљаноска, Елена Соколоска, Бојана Спасовска, Кире Џотов, Ива Шајноска и Ели Шапкарова. На конкурсот пристигнале 27 пријави, а жирито на фестивалот го направил изборот.
Настанот ќе се одржи на 3 април, а поетите-учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 7 мај, заедно со другите учесници во официјалната програма. Дополнително, со избраните поети ќе се одржи и работилница за уредување на песните, што пред почетокот на фестивалот ќе бидат објавени во посебно издание, заедно со песните на сите досегашни учесници на минатите изданија на „Отскочна даска“.





