„Дражен“ од 12 декември во „Синеплекс“

Долгометражниот филм „Дражен“ во режија на Данило Шербеџија од 12 декември ќе се прикажува во домашните кина. Светската премиера на филмот за светскиот кошаркарски великан, Дражен Петровиќ, се одржа во Шибеник, родниот град на Дражен, на роденденот на кошаркарот. Филмот, снимен во чест на 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, ја раскажува фасцинантната приказна за кошаркарот Моцарт кој со својата игра го освои целиот свет.

Низ призмата на клучните моменти од животот на Петровиќ, публиката ќе биде вовлечена во неговиотсвет на неверојатна страст, одлучност и посветеност на спортот што го направи бесмртен.

Според продуцентите Зџеларевиќ и Шибер, името Дражен Петровиќ предизвикува
воодушевување во целиот свет, не само во кошарката, туку како синоним за тоа како напорната работа ги остварува соништата.

„Иако многумина го запознаа преку неговите спортски успеси, ние сакавме да ја прикажеме приказната за еден човек на големото платно – неговото растење, неговиот однос со семејството и луѓето од приватниот и професионалниот живот кои го поддржуваа на патот кон врвот“. Затоа, ова не е типичен спортски филм, туку акцентот е повеќе на личната приказна на Дражен“.

На актерот Домагој Нижиќ му беше доверена главната улога на Дражен Петровиќ, а помладиот Тонко Стошиќ го толкуваше Дражен како помлад. Во филмот играат и Ромина Тонковиќ (Рената, девојката на Дражен), Павле Матушко (Александар Петровиќ), Ловре Танфара (младиот Александар Петровиќ), Зринка Цвитешиќ (Бисерка Петровиќ), Драган Мичановиќ (Јован Петровиќ), Викторија Валентини Перовиќ (К. (Ворен Легари), Мајл Кекин (Мирко Новосел), Џејмс Пери (Вилис
Рид), Анил Џозеф (Доктор Еј Џеј), Борна Хаџисејдиќ (Шпец).

Филмот е во продукција на загрепската продуцентска куќа „Кинотека“, со копродукција со „Декември“ од Словенија и „Ливинг пикчрс“ од Србија.
Филмот беше поддржан од Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио и телевизија,Словенечкиот филмски центар и Филмскиот центар на Србија, Хрватскиот олимписки комитет, бројни спонзори и покровители.

Сподели