Дошница е живот – не дозволуваме да ја затворат! Мирен протест в недела на Смрдлива Вода

Неколку граѓански здруженија организираат мирен протест кај туристичката населба Смрдлива Вода, под Кожуф, против најавата за изградба на мини хидроелектрани на реката Дошница, на Кожуф. Протестот е најавен за недела (29 јуни), а организаторите обезбедуваат и бесплатен превоз пред Градскиот театар во Гевгелија, во 9.45 часот.

– Да не дозволиме реката Дошница да заврши во цевка! Ве повикуваме да бидеме заедно, гласни и достоинствени во одбрана на природата која ни припаѓа на сите. Здружени можеме да ја заштитиме нашата вода, нашата шума и иднината на нашите деца. Дошница е живот – не дозволуваме да ја затворат! Природата не е бизнис план! Гласно за реката, тивко не се спасува ништо! – порачуваат организаторите.

Сподели