Документарецот „Работите што нè зближуваат“ на Денови на SEE Film Festival во Битола

Два кратки и еден долгометражен филм ќе бидат прикажано вечерва од 20 часот во киното „Манаки“ во Битола, дел од програмата Денови на SEE Film festival во Битола. Вечерта ќе почне со проекција на „Сонливи птици“ (22 мин.) во режија на Џамил Хенди од Романија. Филмот ги освои наградите за најдобар краток филм и најдобро сценарио на Европското жири на овој фестивал годинава.

По него ќе следува словенечкиот „Соседи“ на Јуш Храстник. Филмот ја доби наградата за најдобар краток филм на Американското жири. Документарниот филм „Работите што нè зближуваат“ е серија на кратки приказни од Западен Балкан, за проблемите што ги мачат младите луѓе од овие земји.

Сподели