Доајенот на театарот за деца, Ивица Шимиќ вечерва на отворањето на „Битолино“

Доајенот на театарот за деца на нашите простори, хрватскиот актер и режисер – Ивица Шимиќ ќе го отвори 14. ИДТФ Битолино вечерва во 20.30 часот во Центарот за култура во Битола.  Основачот на Мала Сцена од Загреб и поранешен Генерален секретар на Светската асоцијација на детски театри ASSITEJ (2008-2014) ќе ја изведе својата култна претстава Pale sam na svijetu. Оваа култна претстава се изведува речиси 40 години.

– Приказна што толку убедливо ги опишува соништата и аспирациите на момчињата? Игра што ги привлекува децата во претставата и ги прави не само учесници, туку и креатори на претставата? Љубов кон детството и учество во стравот? Или сето тоа заедно? Веројатно… – најавуваат организаторите.

Претходно во 19 часот, во Центарот за култура театарот „Бабец“ ќе ја изведе претставата „Зборови“.

Повеќе за фестивалот, на следниот ЛИНК.

Сподели