До 25 август е отворен повикот за пријавување игран филм за македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм, награда што ја доделува Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм на официјалниот маил на ДФРМ: contact@dfrm.org.mk. Продукциите можат да се информираат за зададените рокови, како и правилата од регулативата пропишана од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука од следниов документ.
Националниот претставник се избира со тоа што претседателот на ДФРМ формира комисија од редовите на Друштвото, какко и од други истакнати филмски професионалци. И годинава ДФРМ ја состави предлог комисијата и таа е испратена до Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за нејзина верификација. Друштвото на филмските работници ја започна и постапката со контактирање на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од Академијата, со цел кандидирање на македонски претставник за наградата – Оскар.
Фото: Сцена од „Сестри“ на Дина Дума, наш кандидат за „Оскар“ во 2021 година





