„Дјуран Дјуран“ на 2 јули во Скопје

Иконичниот рокенрол бенд „Дјуран Дјуран“ на 2 јули ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Нивните обожаватели ќе можат да ги слушнат глобалните класици Hungry Like the Wolf, Rio, Come Undone, Girls on Film, Ordinary World, Notorious, како и нивното најново издание Danse Macabre. Со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, „Дјуран, Дјуран“ остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика. Влезниците ќе бидат во продажба од 19 февруари во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.

„Дјуран Дјуран“ се примени во Rock & Roll Hall of Fame во 2022 година, бендот е добитник на бројни меѓународни награди и продолжува да настапува како хедлајнер на најголемите фестивали ширум светот.

Концертот го организира „Авалон“.

Сподели