„Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“ е насловот на советувањето за дигитализација на културно наследство што ќе се одржи во среда (4 јуни) во 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Презентациите ќе опфатат неколку теми:
– Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното наследство (примери од музеи, архиви и библиотеки) – проф. д-р Инес Црвенковска-Ристеска и проф. д-р Љупчо С. Ристески (ИЕА, ПМФ).
– Улогата на Управата за заштита на културното наследство во процесот на дигитализација – Дончо Наумовски УЗКН).

– Пример од меѓународна пракса: Музичката збирка на Ендендијк (Endendijk Music Collection) – Аннемик и Петер Ендендијк, Холандија.
– Дигиталниот Архив за етнолошки и антрополошки ресурси на ПМФ при УКИМ: Предизвици, технички решенија и улогата на архивот во зачувување и промоција на нематеријалното наследство – проф. д-р Љупчо С. Ристески (ИЕА, ПМФ)
– Големи европски истражувачки инфраструктури за заштита на културното наследство – проф. д-р Анастас Мишев, ФИНКИ, УКИМ, Делегат во Европскиот стратешки форум за истражувачки инфраструктури – ЕСФРИ.
Советувањето се одржува во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од постоењето на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ.
Наловна фотографија: Филклорна група „Копачка“





