Детската претстава „Трнорушка“ во Штип

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска во 11 часот Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе ја изведе претставата за деца „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска. Сценографија е на Крсто Богојевски, а костимите на Дарко Илиевски. Играат: Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ.

– Како една од најстарите уметнички форми, бајката e потреба низ сон, мечтаење, имагинација да се наткрили животот. Таа со својот јасен и цврст етички кодекс (борба за добро, правда, еднаквост, љубов) ни открива и подвлекува некои суштински животни вредности.

Бајката на сцена не толкува, објаснува, ниту докажува, туку повеќе потшепнува и предизвикува, запрашува и провоцира и, оддалечувајќи нè од животот, ни зборува за животот. Таква е и нашата „Трнорушка“ – велат организаторите.

Сподели