Десет филма на последниот ден на фестивалот „Ехо“

Десет филма ќе бидат прикажани вечерва во Младинскиот културен центар, со што ќе биде затворено 12. издание на Фестивалот за планински филм „Ехо“.
Проекциите почнуваат во 17 часот во џепно кино. Ќе бидта прикажани: „Од северот“ на Ник Мартини, САД (20’), „Метаноја“ од Фло Гаснер и Пол Швелер од Австрија (22’), „Снежен живот“ на Марко Трибелхорн, Австрија (12’), „Чекор напред“, од Фло Гаснер и Пол Швелер (13’), „Едноставно“ од Титоан Бесире, Швајцарија (15’) и „Умствена рамка“ од Џеф Томас, Канада, (11’).

Во Прак киното пред МКЦ во 19 часот ќе биде прикажан „Ерик Ескофие, страст за живот“ на Гаучи Северин и Бертранд Делапјер од Франција (52’) по што ќе бидат прогласени победниците на фестивалот.

Со проекција на „High Scardus trail“ од Александар Донев, Македонија во 21 часот и „Ѕид на сенки“ на Елиза Кубарска од Полска (92’), завршува „Ехо“.

Сподели