Македонската асоцијација на издавачи од денес до недела организира „Денови на книгата“ во трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје. Ќе бидат претставени изданијата на: Арс Ламина, Антолог, Полица, Култура, Феникс, ТРИ, Сакам Книги, Топер, Бата прес, Едука Мак, Мартина, Паблишер, Икона и на Просветно дело.
Предновогодишното купување книги ќе биде организиранио во согласност со сите безбедносни мерки за заштита од ковид-19.





