Светот денеска го одбележува 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето. Убав ден да се потсетиме и да отстапиме простор за талентирано дете од нашата земја. Драгана Рајкова има 11 години, родена е во Струмица, а живее во Валандово. Таа веќе има објавени две свои книги – „Спомени од моето детство“ и „Sвездено небо“.
Таа учествува на повеќе лутературни конкурси и е добитник на повеќе награди. Таа почнува со пишување на песни и раскази од седумгодишна возраст.
Својата прва книга „Спомени од моето детство” ја издава на само 10 години, а сега на 11 години ја издава својата втора книга „Ѕвездено небо”. Љубовта кон пишаниот збор и книгата ја има уште од мали нозе, а од својата 7- седма година почна и сама да создава свои дела кои иако е дете секоја песничка или расказ има своја поука и порака, која ја пренесува.
Љубовта кон семејството, кон татковината, љубовта околу неа која ја опкружуваат работи кои таа ги сака се теми кои ја инспирираат да создава и да го негува македонскиот јазик.

Драгана е ученик во шесто одделение во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово. Таа посетува нижо музичко училиште во Струмица и свири пијано. На 8 години ја доби својата прва награда за освоено второ место на распишаниот конкурс по повод 8 март. Учествува во повеќе литературни конкурси, има неколку награди а најголемата награда е нејзината прва стихозбирка со сликовница под наслов „Спомени од моето детство“ во која се наоѓаат 44 песнички секоја песна има своја илустрација за да биде по интересна за децата. Уредник и рецензија се на Вера М Самарјанин жена хуманист подржувач и голем човек кој помогна делото на Драгана да биде издадено и да може секое дете да си го оствари својот сон.





