Денес е храбро да се биде искрен! Сергеј Андреевски го отвора видеосеријалот „Голтка смелост“

Сега е храбро да се биде искрен! – вели ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во првата епизода на кратки видеоприказни „Голтка смелост“. Што е смелост, а што слабост, што го прави храбар, а од што се плаши – уметникот Сергеј Андреевски отворено зборува за овие емоции во краткото видео.

Во фокусот на кратките епизоди се инспиративни личности од културниот и јавниот живот, кои во својата сфера покажуваат смелост, храброст и креативност. Тие низ куси одговори зборуваат за моментите на смелост, на слабост, за нештата што ги охрабруваат или им создаваат страв, како и за одредени предизвици кои што треба да ги надминат.

Иницијаторот на проектот „Гевгелиска дестилерија“ и нејзинот бренд крафт-ракијата „Гордион Амбер“ избираат соговорници, чии приказни и успеси влијаат мотивирачки на пошироката публика.

– „Гордион Амбер“ е пријател на сите смели, храбри луѓе, трагачи по нови искуства и авантури. Многу од нашите први дегустатори беа луѓе од уметничкиот и јавниот живот. Тие не штедеа конструктивни критики и пофалби за нашата висококвалитетна ракија. Од нив ги слушнавме епитетите: килибарна боја, кадифен вкус, барикен шмек. Секој од нив, на свој начин, со зборови го црташе портретот на нашиот Гордион Амбер. Така решивме да направиме циклус видеопортрети на храброста, инспирацијата и креативноста. „Гордион Амбер“ наздравува на нивните подвизи и на новите пријателства – вели Александар Попов од „Гевгелиска дестилерија“.

„Гордион Амбер“ до крајот на годината ќе продуцира уште неколку кратки видеоприказни.

Сподели