Дела од ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во Штип

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип денеска во 12 часот ќе биде отворена изложба на делата од 37. Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“. Отворањето е во изложбениот салон „Галерија ’22“ при Центарот за култура. На изложбата ќе бидат застапени триесетина дела работени од автори од повеќе држави Македонија, Бугарија, Полска, Словенија, Турција и од Швајцарија. Изложбата е преземена од организаторите на колонијата од Крива Паланка.

Сподели