Дебата „Think Forward: Затоа што културата е важна“ во чест на Личеноски во Europe House Скопје

„Think Forward: Затоа што културата е важна“ е насловот на првата дебата од серијалот #Culture Talks, што Europe House Скопје при Делегацијата на ЕУ ја организира по повод својот трет роденден, а ќе се одржи денеска во 13 часот. Во текот на ноември, а во партнерство со Националната галерија, Europe House организираше низа активности поврзани со Куќата-музеј на Лазар Личеноски, со цел да се подигне свеста за важноста на зачувувањето на овој бесценет дел од нашето културно наследство, но секако и како принцип во зачувување на целокупното, за иднината.

Земајќи го случајот со Куќата-музеј на Личеноски како појдовна точка, дебатата ќе има за цел конструктивно да отвори разговор за огромното значење на зачувувањето и негувањето на културното наследство, бидејќи тоа е во исто време и наша наследена инвестиција за иднината, како и да се фокусира на разговор за иден ефикасен модел за зачувување на наследството.

Дебатата ќе започне со проекција на уметничкото танц видео снимено во Куќата-музеј на Лазар Личеноски
Тоа се композициите ‘Фрагменти’, од Зулу 3.4, наградени за ‘Најдобри млади џез музичари’ на Скопскиот џез фестивал. На присутните ќе им се обрати амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ. Тој ќе и оддаде почит на Вјоса Бериша, прерано заминатата директорка на Europe House.

За животот и европското наследство на Лазар Личеноски: како ќе живее понатаму? ќе зборува Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија. Ќе следуваат обраќања на Оливера Ливриниќ, раководител на секторот за заштита на културното наследство при Министерство за култура и Ема Петрова Николовска, советник конзерватор на штафелајно сликарство при Националниот конзерваторски центар.

Сподели