„Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески премиерно на HBO Max

Краткиот филм „Дали си маж“ (Are You a Man) на Ѓорче Ставрески на први јануари ќе има премиера на една од најпрестижните светски платформи – HBO Max, дистрибутери на популарните серии Euphoria и White Lotus. Ова е негов втор филм на платформата, откако „Исцелител“ беше прикажуван во 2018 година.

„Дали си маж“ ја имаше својата премиера во март годинава. Тоа е приказна за едно момче кое расте со самохрана мајка и кое обидувајќи се да одговори на предизвикот од својот сосед, ја добива својата прва лекција по животна иронија.

Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Душица Настова, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Лила Милиќ, Мими Таневска Србиновска и младиот Данило Ивановски во улогата на Марко.

Сценариото и режијата се на Ставрески, директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценограф Симо Бранов, продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска, додека филмот е во продукција на „Минимал колектив“. „Дали си маж“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Филмскиот центар Србија.

Сподели