Д-р Сашко Кедев стана првиот Македонец кој успеал да ги искаче сите 14 врвови на светот со висина над 8.000 метри. Овој подвиг му успеа утрово, во 10.44 по локално време искачувајќи го врвот Гашербрум, извести „Имегин Непал“. Ова е историски подвиг за Македонија.
Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
-Врвот означува историска пресвртница за д-р Сашко Кедев, кој сега стана првиот алпинист од Македонија кој ги искачил сите 14 врвa високи 8 000 метри во светот. Г1, 11-тата највисока планина на Земјата, беше последниот предизвик на неговото патување низ највисоките врвови во светот.
Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Со Г1, тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I наведува „Имеџин Непал“.





