Играниот филм „Елегија на ловорот“ во режија на Душан Касалица, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во киното „Манаки“, како дел од програмата на „Битолско културно лето“. Филмот е дел од филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, што ќе трае до 15 јули, а започна синоќа со проекцијата на македонскиот филм „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев. „Елегија на ловорот“ ја доби наградата за најдобра режија на Европското жири на фестивалот.
Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани дел од најдобрите наградени филмови од 12. фестивал на кинематографиите на земјите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.
Утре на програмата е документарниот „Слободен стил до Црна Гора“ на Ардит Садику од Албанија.





