Членови на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 16 часот во германскиот конзулат во Истанбул ќе бидат претставени во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал ITEF 2025. Станува збор за добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 година: Жарко Кујунџиски („Стале Попов“), Иван Антоновски („Ванчо Николески“), Наташа Аврамовска („Димитар Митрев“) и Гордана Јовиќ-Стојковска („Мост“), како и претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски. Оваа година мото на фестивалот е „Чуму книжевноста?“, а настанот денеска е наречен „Книжевни мостови помеѓу Македонија и Турција“.
Во германскиот конзулат во Истанбул вчера се одржа свеченото отворање на фестивалот, каде присуствуваа и македонските писатели. Тие беа придружувани од Диме Ратајкоски, директор на Македонскиот културен центар во Истанбул и од соработничката Хулија Хилми.





