Читаме сликовници со наши писатели за деца

На програмата на последниот петти фестивалски ден на 5. Фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023, денеска на пладне во Музејот на град Скопје македонски автори за деца ќе читаат свои сликовници. И на овој начин фестивалот се обидува да ја доближи детската книга до младите читатели. Ќе учествуваат Ана Јовковска, Алма Хот Растодер, Нина Максимова, Ника Гавровска и други.

Претходно во 11 часот работилница за деца ќе одржи писателката Елизабета Баковска.

Во 13 часот ќе следува презентација на сработените дела од сите работилници што беа организирани деновиве на фестивалот.

Со врачувањето на наградите ќе биде затворен и фестивалот.

За своите најнови дела вчера на фестивалот беше организирана средба со авторките Бистра Георгиева и Јулијана Величковска. Хрватската мултимедијална уметница Николина Манојловиќ Врачар одржа инспиративен мастер-клас, како и работилница на тема глаголи.

Сподели