Читачот го претставува романот „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа (ВИДЕО)

„На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа е оригинално објавен во 1938 година. За Читачот станал интересен пред десетина години кога го набавил на хрватски јазик, но на негово задоволство во 2021 година издавачката куќа „Бегемот“ го преведе на македонски јазик во луксузно издание. За одличниот превод се погрижил Иван Шопов.

– Овој роман комотно би го сместил во групата на филозофски романи, односно социо-филозофски роман, што освен што поставува серизони прашања, сепак е и критика на општеството. Приказната е пишувана во прво лице, раскажува правник што живее во Загреб, живее „нормален живот“ во повисока класа, работи во магнат. Ми се допаѓа како добро старее романот – вели Читачот.

Проследете го целосното видео:

Сподели