Чествување на ликот и делото на Драги Михајловски, учителот

Чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи ќе се одржи денеска во 18 часот на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Присутните ќе ги поздрави проф. др. Анета Дучевска, деканка на факултетот, а воведна реч ќе има проф. д-р Соња Витанова-Стрезова. Ќе бидат читани извадоци од препевите од Шекспир, Милтон на Михајловски и одломки од негови раскази.

Михајловски (1951-2022) ќе остане запаметен по преводите на собраните дела Шекспир. Беше редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето. Дoбитник е на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание, наградите „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата „Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

Сподели