Чествувањата на Чинго, Мисиркова-Руменова, Чаловски… во новиот број на „Стожер“

Излезе од печат новото издание бр. 3-2025 на печатеното гласило на ДПМ, „Стожер : ревијата за литература, култура и уметност“. Во него клучно место заземаат прилозите за: добитниците на наградата „Книжевен жезол“ за 2025 година и „Секој фонт има своја приказна: интервју со Ласко Џуровски, прилогот „Брз е векот“ – чествувања во чест на Живко Чинго (90 години од раѓањето), Ташко Георгиевски (90 години од раѓањето), Ката Мисиркова-Руменова (95 години од раѓањето) и Тодор Чаловски (80 години од раѓањето), беседа од отворањето на деновите на поезијата од Наташа Аврамовска.

На страниците има прилози со поезија за деца од Стојан Тарапуза, песни од Васил Дрвошанов, Ели Маказлиева и Лејла Шериф-Емин, мини есеј од Катица Ќулафкова за поезијата на Ли Суо, расказот „Климентовата светлина“ од Петре Димовски и „Чуден маж беше Перо“ од Алексадар Кујунџиски, студијата „Кочо Рацин како присутна или „занемарена“ тема во странската критика низ призмата на изданието на Г. Калоѓера: „поглед острана“ – Рацин (1908-1943) од Маја
Јакимовска-Тошиќ, расказот „Бона“ од Лилјана Пандева.

Во рубриката Став е текстот „Писателите си ги знаат правата и бараат нешто повеќе од кроасан со вишна“ од Катерина
Богоева, освртот „Марина Мијаковска, поезија од мед и цимет“ на Љубинка Донева, студијата на Стефан Марковски. Направен е прилог за добитниците на наградите на Струшките вечери на поезијата, есејот на Вера Стојчевска-Антиќ и IN MEMORIAM на Цане Андреевски.

Бројот завршува со рубриката Хроника на ДПМ во која се сместени сите важни настани и активности на ДПМ во изминатите три месеци. Овој број визуелно е збогатен со нови фотографии од тековните настани во ДПМ.
„Стожер“ бр. 3-2025 може да се најде во печатена форма во ДПМ, како и на следниот ЛИНК.

Сподели