Честитки и магнети УМНО. Купете и поддржете нè

Честитките може да се најдат во сите продавници на Литература.мк во Скопје (Сити мол, Буњаковец, Ист гејт, Дајмонд и на улица „Македонија“), како и во Струмица и во Битола, во книжарниците на ТРИ (Дебар маало, ГТЦ и Веро-Џамбо), „Матица македонска“, „Антолог“, „Полица“, книжарницата „Еквус“ во Скопје „Букшоп“ во Гевгелија и „Просвета“ во Охрид.

Честитки и магнети со македонски дизајн се новите производи од Умно.мк. Целта е да се поддржат младите македонски дизајнери и нивите дела, воедно да се поддржи Умно.мк и самоодржливоста на медиумот. „Мое умно внуче“, „Среќен роденден умно човече“, „Среќен брак“ се дел од понудата. Некои дизајни се со веќе напишана значајна порака во честитките и треба само да се потпишат. Тие се наменети за сите на кои не им поаѓа од рака да напишат соодветна порака кога честитаат нешто.

Имаме и серија намената за младите, како честитката „Мојот брат е поумен од твојот брат“. Во знак на поддршка на родовата еднаквост ја создадовме „Умна жена брег рони!“

Магнетите се дел од кампањата „УМНО е…“. Тие носат различни универзални и едукативни пораки: „Умно е да ја сакаш и чуваш Македонија“, „Умно е да не го заборавиш твојот омилен наставник“, „Умно е да знаеш дека не знам се пишува одвоено“…

– Целта на овие производи е да се промовираат делата на младите дизајнери и да се поддржат македонските производи. Со купување на Умно-производите ќе придонесете во опстојувањето на нашиот медиум – велат од Умно.мк.

Честитките може да се најдат во сите продавници на Литература.мк во Скопје (Сити мол, Буњаковец, Ист гејт, Дајмонд и на улица „Македонија“), како и во Струмица и во Битола, во книжарниците на ТРИ (Дебар маало, ГТЦ и Веро-Џамбо), Матица македонска, Антолог, „Букшоп“ во Гевгелија, „Просвета“ во Охрид и книжарницата „Еквус“ во Скопје.

Сподели