Во духот на неговата A Night to Remember, канадската музичка ѕвезда Брајан Адамс не’ почести со концерт за паметење во неделата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Тој на гитара, во придружба на неговиот пријател, клавијатуристот Гери Брајт, одржаа концерт за паметење. Неговите најубави песни со неговиот глас кој што се уште не изгубил ниту нијанса од својата убавина ги стоплија срцата во Скопје.

I finally found someone со Барбара Стрејсенд, соработки со Бони Тајлер, композиторот Мајкл Кејман, со Ханс Цимер и пејачката Тина Тарнер – го слушнавме најубавото од Адамс. Среќен што и тој е во Скопје со нова публика, ни сподели за благодарноста кон се’ што неговата денес 97-годишна мајка направила за него. Таа била клучна личност што го поддржала уште во младоста кога решил да го напушти средното училиште за да стане дел од бенд и да се посвети на музиката. Му рекла: „Сине, ако го правиш тоа, прави го добро!“.
Please Forgive me и Have You Ever Really Loved a Woman беа кулминација на концертот. Концертот го организираше „Авалон интернешнл букинг“.
Фото: Стефан Рајхл и Драган Митрески





