Документарецот за блиските врски што се родија помеѓу сараевски рок музичари и ирскиот бенд У2 за време на опсадата на Сараево во периодот од 1992 до 1995 година го отвори 29. издание на Сараевскиот филмски фестивал, синоќа. Изненадување на вечерта беа Боно и The Edge. Гости на вечерта беа и моделката и активистка Кристи Тарлингтон, како и легендарната воена новинарка на „Си-Ен-Ен“, Кристијан Аманпур, која исто така се појавува во филмот. Фестивалот беше отворен со филмот „Бакни ја иднината“ на Ненад Чичин-Шаин, инспириран токму од У2 и нивната улога во воено и повоено Сараево. По посетата на Фестивалот во 2000 и 2021 година, Боно често доаѓа во Сараево како поддршка на фестивалот.

Сараевскиот филмски фестивал што беше основан кон крајот на војната во Босна од група филмски ентузијасти и стана најголем фестивал фестивал во Југоисточна Европа. Годинава ќе прикаже дури 235 филма.

Фестивалот ќе трае до 18 август, а во трка за „Срце на Сараево“ се 49 филмови.
Македонија нема свој мнозински филм во конкуренција за награди, но. учествува со две копродукции. Во категоријата на документарци, премиера ќе има „Тело“,копродукција со Словенија и „Молк на разумот“ на Кумјана Новакова со БиХ. На фестивалот ќе биде прикажан и „Кајмак“ на Милчо Манчевски, како дел од програмата Open Air.

Фото: Сараевски филмски фестивал





