Наградата за високо актерско достигнување на 33. МФКТ „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица, ја доби актерката Биљана Драгичевиќ Пројковска. Таа е наградена за улогата на Корин Фел во претставата „Гидионовиот јазол“ од Џоана Адамс, во продукција на Драмскиот театар од Скопје. За наградите одлучи жирито во состав: Лео Долорес Поповиќ, претседател, Анастас Попдимитров, актер и режисер, и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор.

Во улогата на Корин Фел, мајка што трага по одговори за смртта на својот син, Биљана Драгиќевиќ Пројковска покажува фасцинантна доследност и суптилна самоконтрола во водењето на ликот, остварувајќи моќна и осмислена улога.
Покрај главната награда, жири-комисијата одлучи да додели и специјална награда за најдобра претстава на фестивалот, за претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, во изведба на Народниот театар од Битола.





