Бесплатен превоз и годинава за средношколците во Скопје

Учениците од прва година средно образование во Скопје кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз билетите ќе ги добијат во матичните училишта, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие. Прво ќе им бидат дадени времени билети, кои потоа ќе бидат заменети со картичка „Скопска“.

– Учениците од повисоките одделенија кои имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката – велат од ЈСП.

Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии, градски и приградски од 5 наутро до полноќ (24 часот). Единствено не важат за користење на ноќни линии.

Сподели