„Бели ноќи“, „Мој термин“, „Торонто експрес“ бесплатно за 80 години МНТ

Македонскиот народен театар денеска одбележува 80 години постоење. Три претстави вечерва ќе се играат со бесплатен влез, а денот ќе започне со две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“ (10 и 12 часот). Во 18 часот ќе биде изведена „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска. Играат Дамјан Цветановски и Ана Јовановски. Еден час подоцна следува „Мој термин“ на Синиша Евтимов, а играат: Симонов, Николина Кујача, Александар Митковски, Тања Кочовска и др. Во терминот од 21.30 часот, актерот Александар Микиќ ќе ја изведе монодрамата „Торонто експрес“. Влезници може да се подигнат на билетарницата на МНТ од 12 часот.

Во рамките на 80 години МНТ, на 5 април во 20 часот на малата сцена, публиката ќе ја гледа „Поетроника“ во новиот суптилен и културолошки значаен проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе што вешто ја спојува современата македонска поезија со електронската музика. Мултисензорно искуство каде што музиката, поезијата и боите од видеоартот, ќе раскажат сосема нова приказна, по вторпат во МНТ. Билетите ќе бидат бесплатни, и ќе се подигнуваат на денот на изведбата.

Поради несреќата во Кочани, МНТ одлучи премиерата на закажаниот спектакл „Сонцето, колку е блиску Сонцето! Made in MNT“ да ја одложи за наесен.

Сподели