„Бели хоризонти“, електронско списание за култура и уметност на КИЦ Битола

Електронско списание за култура и уметност „Бели хоризонти“ е еден од годинашните проекти што ги најави Културно-информативниот центар од Битола. Во него ќе бидат поместени теми од културата и уметноста, архитектурата, сликарството, литературата. КИЦ од Битола претстави што работела институцијата лани, кои им се предизвиците годинава.

Ќе биде промовирана нова веб страница kicbitola.mk која ќе содржи целосен преглед на програмската и ресурсната сттиеруктура на установата, настаните, архива, можност за резервации и слично. Ќе биде отворен Туристичкиот инфо-центар во рамките на Кино Манаки. КИЦ Битола е поддржан со четири проекти од национален интерес од Министерство за култура од областа на ликовната уметност, интердисциплинарните уметности и меѓународна соработка, а поддршката од Општина Битола, освен во институционалниот дел доаѓа и во поддршка на повеќе проекти.

Сподели