Балетот „Пепелашка“ гостува во Битола

Современата бајка за возрасни и деца – балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, на Националната опера и балет, ќе гостува во Центарот за култура Битола утревечер во 20 часот.

Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).

Настапуваат: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Сподели