Балетот „Дамата со камелии“ в петок во НОБ

Балетска претстава „Дамата со камелии“ в петок (7 март) во 20 часот ќе биде изведена во Националната опера и балет. Драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

– Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите – вели кореографот Медведев.

Сподели