Македонскиот народен театар објави отворена аудиција за машка улога во претставата „Aнгели во Америка” во режија на Филип Петковски и копродукција со „Пресврт.” Претставата ќе биде работена во периодот од 1 април до 31 мај, а за истата се бара дипломиран актер на возраст помеѓу 20 до 40 години.
Аудицијата ќе се одржи во просториите на МНТ на 30 јануари со почеток во 11 часот, а пријавувањето е до 27 јануари. По пријавувањето, на селектираните кандидати ќе им бидат испратени дополнителни инструкции како и сцените кои треба да ги научат на памет. Доколку имате прашања, обратете се на presvrtinfo@gmail.com





