Атанас Георгиев во жирито на Филмскиот фестивал во Шангај

Продуцентот и монтажер Атанас Георгиев беше член на жирито за документарната селекција на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Шангај. На 25. издание на светскиот фестивал Георгиев беше во друштво на кинескиот режисер Ју Анки и Кристијан Фраи како претседател на жирито.

Ова не е прв пат Георгиев да биде дел од меѓународни жирија по цел свет. По огромниот успех на „Медена земја“, нашиот продуцент доби повеќе можности за да биде дел од меѓународни проекти.

Повеќе за фестивалот, на следниот линк.

Сподели