Андријана Цветковиќ ја освои наградата Inspiring womеn worldwide

Андријана Цветковиќ, некогашен амбасадор на Македонија во Јапонија, ја освои наградата Inspiring womеn worldwide, што ја доделува WIN – Women’s International Networking, глобална иницијатива за лидерство создадена од Кристин Енгвиг во 1998 година.

– Јас сум почестена и вистински допрена од признанието и се чувствувам исклучително привилигирано да ја споделам оваа награда со другите две прекрани лидерки Маријам Кетаит од Дубаи и Фернанда Лопес Ларсен од Сингапур. Би сакала да ја изразам мојата искрена благодарност на целата моја фамилија и пријатели за вашата верба во мене, за вашата бескрајна поддршка и охрабрување и најмногу, за вашата љубов и хуманост – вели Цветковиќ, која важи за голема поборничка за женските права низ цел свет.

Во нејзиниот говор по повод наградата, таа ги спомна трите водечки принцпи што ја инспирираат: вистината, светлината и начинот.

АНДРИЈАНА ЦВЕТКОВИЌ: КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГРАДИМЕ ОПШТЕСТВО ВО КОЕ ЖЕНИТЕ НАПРЕДУВААТ, ТОЛКУ ПОДОБРО ЗА СИТЕ

– Јас сум инспирирана и се борам за градење општество каде вистината, автентичноста, интегритетот и основните човечки вредности ќе преовладаат. Се трудам да бидам позитивен сноп светлина дури и во предизвикувачки времиња, а во исто време дозволувам светлината на други луѓе да се одразува на мене и да инспирира во мене повисоки морални аспирации. „Биди лидерот што сакаш да го видиш во светот“ – рече еднаш Ганди. Јас сум „работа во напредок“ и секој ден е можност да се научи од другите, да се признае игнорирањето, да се прифатат несовршеностите. Мајка Тереза, која била родена во истиот град како и мене, главниот град на Македонија, Скопје, рече „Јас можам да правам работи што ти не можеш, ти можеш да правиш работи што јас не можам, заедно можеме да правиме големи работи“. Да, можеме! – истакна Цветковиќ.

 

Сподели