„Алиса во земјата на стравовите“ – невиден спектакл на Александар Поповски во Белград

Режисерот Александар Поповски и драматургот Ева Махковиќ на публиката ù приредија досега невиден спектакл и ги израдуваа сите љубители на романот „Алиса во земjата на чудата“ на Луис Керол, пишува критичарката Ангелина Марковиќ од Hocuposoriste.rs.

На сцената на Југословенско драмско позориште Поповски се враќа со уште еден авторски проект. После „Метаморфози“ и „Хамлет“, нема сомнеж дека „Алиса во земјата на стравовите“, ќе биде една од најгледаните претстави на реперотарот на ЈДП и дека ќе се игра долго по премиерата. Ова е претстава која според публиката остава водоотпорен печат поради чија долготрајност сите се благодарни, пишува српскиот медиум за премиерата што се одржа на 3 февруари.

– Словенечкиот драматург внимателно ги искористила карактеристиките на ликовите од Кероловиот роман и во комбинација со нови особини создала единствени ликови, односно спротивност на нам добро познатите јунаци. Алиса, сега порасната жена, трага по сопствениот успех и идентитет, додека во меѓувреме се потсетува на своите грешки и „погрешни“ одлуки. Со идеалната слика што ја создала сонувајќи како дете, а која повеќе потсеќа на фантазија, главната протагонистка на себе си создава проблем и не сака да го прифати животот таков каков што е – пишува во рецензијата.

Највозбудливиот дел на претставата е нејзиниот визуелен идентитет. Од костимите, инспирирани од првобитниот роман на Керол, до онемувачката сценографија која гледачите ги води во сосема нова димензија и доста комплициираниот мизансцен. Музиката во претставата е дело на македонскиот композитор Марјан Неќак.

Прочитајте повеќе на следниот линк.

Фотографии: Југословенско драмско позориште

Сподели