Актерката Сара Климоска го сними својот прв краток филм „Нова енергија“

Актерката Сара Климоски го заврши снимањето на својот дебитантски игран филм „Нова енергија“ , по свое сценарио, а во корежија со Радован Петровиќ. а во продукција на „Nest продукција“ на продуцентот Јорданчо Петковски.

„Нова енергија” ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ заемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

-Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.

Главните улоги во филмот се на Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО.

Филмската екипа брои и талентирани автори како Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

„Нова енергија“ е независен филм реализиран благодарение на приватни донации и компании пријатели на филмот. Копродуценти се Вижн Тим – Vision Team и Филмоскопија од Србија, JES Продукција и Контраст филм од Скопје, а главни спонзори се Винарија Тиквеш, Спорт Лаб и Монозеро.

По завршувањето на постпродукцијата, филмот „Нова енергија” ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

Сподели