Актерите од „Најсреќниот човек на светот“, Аднан Омеровиќ и Јелена Кордиќ Курет, наградени во Пула

Актерот што ја толкува главната улога во „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, Аднан Омеровиќ ја осови наградата за најдобра машка улога за филм во хрватска малцинска копродукција на Пулскиот филмски фестивал што беше затворен синоќа. Наградата во негово име ја прими продуцентката Вања Сремац.

Посебна награда на оценувачкото жири доби актерката Јелена Кордиќ Курет, главната актерка во категоријата хрватска малцинска копродукција од истиот филм, во кој ја игра Асја. Наградата во нејзиното име ја прими Теона Стругар Митевска.

Филмот „Ексорт“ во режија на Лукас Нила, во кој Македонија е копродуцент, освои награди за сценографија (Иван Велјача), како и наградата за најдобра споредна машка улога за Крешимир Микиќ.

Сподели